Приказната се одвива во месец Март 1972 г. кога лицето Ибрахим Хоти од Косово со автобус на битолски Транскоп заминува на аџилак во Саудиска Арабија каде се заразил со Вариола Вера, вирус на големи сипаници и се враќа со истиот автобус во кој зарази 38 други патници.
Крајниот резултат бил 184 заразени и 40 мртви.
Пред заминувањето тој се вакцинирал и се стекнал со сертификат дека е вакциниран кој бил неопходен за патувањето, па од тука со автобус замина на аџилак иако било забрането со автобус да се патува на таа дестинација. Дозволено било само контролирано патување со авион, за што во Битола биле ”доцна информирани”. Заминал и се вратил со автобусот. Бил поучен од негов другар за местото на вакцинација да го протрие со алкохол за да нема контраиндикации за што се претпоставува дека на тој начин и го уништува дејството на вакцината.
Постарите кои живееле во Југославија во 1972 и те како се сеќаваат на паниката кога земјата ја зафати епидемија на Вариола Вера, помладите пак исто така се сеќаваат преку култниот филм за оваа епидемија. Според информациите во тоа време две клучни грешки се направени зошто вирусот е донесен од Мека во Косово, а за двата пропуста виновна е Македонија.
Шетајќи по локални кафани каде го раскажувал своето патешествие, неретко и фрулата ја покажувал, но и давал на други да свират на неа, и така се смета дека ја предизвикува последната епидемија на оваа болест во светот! Интересно е што никој од неговото семејство не се разболел, но се разболеле сите оние со кои се сретнал и со кои имал контакт тој или неговата фрула.
Тогашните комунистички власти, исплашени дека е возможно да се работи за биолошки напад, спроведуваат итна агресивна вакцинација и за 10 дена се вакцинирани 1.8 милиони жители!
Другите 18 милиони југословени се вакцинирани во наредните месеци на тогашна популација од 22 милиони.
На 1 Мај 1972 епидемијата е прогласена за завршена. Во 1980 година е прогласена ерадикација на Вариола вера на светско ниво. Југославија претрпела штета од 4-6 милијарди долари.
Хоти иако се смета за прв нулта пациент преживеал. Прва жртва бил Латиф Мумџиќ од село крај Тутин, а го негувала медицинска сестра 23 годишната Душица Спасиќ која не била вакцинирана, бидејќи во време на вакцинацијата вила на боледување или одмор. Младата медицинска сестра починала само две недели после Латиф, а веднаш по неа и нејзина братучетка која се заразила од неа. Латиф бил во контакт со Хоти во една од кафеаните каде Хоти прераскажувал како било во Мека.
Извор др. Лазаров, Мкд Њус.
Дел од фотографиите Getty Images