Виктор А.К.А. Башлак, ПРЕКАРИ. 

Се думав за ова Недела шо и како да напишам, сакав малку да ги замарам овие шо се Студентските правобранители, ама немам доволно материјал, а јас неќам да шпекулирам (хахаха) па си реков ај малку да ве апдејтирам со прекарите, одамна немам напишано ништо за прекарите во Битола. 

Битола е позната по многу работи, а една од тие работи секако се и прекарите.

Прекарите на луѓето  од која страна да гледаш стално си идат самите по себе.  Има неколку вида на прекари, прекари по презимето, прекари по изгледот, прекари по понашањето, прекари по некој настан поврзан со  животите на луѓето, прекари по потеклото и  прекари по занимањето. 

Прекарите по презимето се многу лесни прекари и многу често се среќаваат. Стојковски – Стојката, Поповски – Попето,Коњановски – Коњо,  Кузмановски – Кузмано, Дрогришки- Дрогата, Аџиевски – Аџијата, Пачовски – Пачата, Гашовски – Пашата (ДЏ Марте Наумоска улата) и т.н.

Прекарите по изгледот се исто така многу многу чести.  Кусио – оти бил многу висок,Снајперо- Оти наочари носел, Црнио – оти бил црн, Нулата – оти ко мал бил низок и дебел и личел на нула, Сламката – Оти бил висок и слаб ко сламка, Белио – Оти му била бела косата, Шаренио – Оти имал пеѓи на лицето,  Веѓата – Оти му биле споени веѓите, Птицата – Оти носо како клун му бил, Жирафата – Оти долг врат имал, Чако – Оти криви му биле очите и чак му фаќале како на биљарто, Мишелино – Оти бил ист како чоечето од Мишелин гумите, Бостано- Оти во глата како лубејнца бил, Ќебапо – Оти бил мал како ќебап, Ремено – Оти бил многу слаб и двапати го вртел ремено околу полојната, Лагата – Оти имал куси нозе, итн.

Прекарите по понашањето се исто така застапени кај нас и не се баш многу чести. Дивото – Ко бил мал се качвал по гаражи, по дрва, по бандери, Старото- Со дедо му одел во пензионерското Бељот играл со старите, Тиквата- Оти ич немислел, во глата семки имал немал мозок, Ромео- Оти ги смувал две сестри во една година, Пиперо –  Оти во се се мешал, Босото – Нон стоп се шетал бос низ мала, Ајваро– Ко бил мал јадел лепчина по улици,  Скапото – Многу пари трошел и купвал скапи алишта, Блинкеро – Оти клепал со очите на секое, Машката – Оти се дружела со  машките, Гуменио – Оти ко ќе одел се виткал целио како гума.

Прекарите по настаните поврзани со животот на луѓето се скоро тука негде со овие шо се по изглед. Скршенио – Ги скршил двете раце во две недели, Дизело –  Го фатиле кај шо кради нафта од работа, Распусто – Оти бил роден на 10 Јуни, Пожаро- Оти 3 пати ридо го запали , Нашио – Баба му го завикала нашио нашио ,  Бугаро – Оти зел жена Бугарка,  Школскио – Оти имал повторено 3-4 пати, Јагнето- Оти го украј јагнето од зоолошката, Затворо – Порано живееле Девеани кај затворо, Бојлеро – Предавал за бојлери 3 часа со ред во ист клас, Индексо- Оти прв во малата се запиша на факултет, Сапуно – Го фатиле кај шо кради течен сапун во Општината, Усташо- Оти на светското 98-ма навивал за Хрватска, Беќаро- оти 3 пати се имал разведено и т.н.   

Наредниот вид на прекари се прекарите изведени од потеклото на луѓето. Мојното – Оти бил од с. Мојно,  Мариоецо – Оти бил од Старавина мариовско, Швабата – Оти бил роден во Германија, Бучино – Оти бил од с.Бучин, Србино – Оти дедо му бил од Србија, Финио – Оти имал роднини во Финска и се фалел со нив, Кенгуро – Оти бил во Австралија, Пашето – Оти бил од Пашино Рувци .

Нареден и последен вид на Прекари се прекарите изведени од професијата односно од занимањето. Пазаро – оти Мајка му и татко му имале тезга на пазар, Лагеро- Оти бил  механичар, Номадо –  Оти имал штала со крави, Јајчаро – Оти продавал јајца на пазар, Апчето – Оти татко му бил аптекар, Шверцо – Оти во една недела продал 4 телефони на училиште, Осата- Оти мед продавале на пазар, Дерачо – Оти бил касап, Кокошката – Оти продавал пилиња печени, Влечката – Оти продавале влечки на пазар и т.н. 

Прекарите кај нас се секојдневие и ретко има луѓе шо немат прекари. Кај нас имињата му ги дават кумојте ко ќе се роди детето, а од ко ќе го видиме шо чоек е одма му го клаваме и прекаро. Можи некој прекар испуштив ама едно да знајте со технологијата и со прекарите во Битола неможиш да трчаш, стално ќе бидат пред тебе. 

Поздрав дечки се гледаме !!! hahaha