Полицискиот службеник од ГП за ГН Меџитлија Николче Ѓеровски на лице место ја покажа неговата хуманост спасувајќи повреден штрк во атарот на село Кременица.
Штркот најверојатно го повреде едното крило обидувајќи се сам да излезе од калта каде беше заглавен.
Патролирајќи низ теренот и подрачјето каде сме надлежни, јас и мојот колега го забележавме штркот заглавен во калта кој беспомошно мавташе со крилото како да ни бара помош. Досега ова ми е прво вакво искуство и воопшто не се двоумев нешто да направам. Се надевам дека сега е во ред и за големиот празник св. Пантелејмон ќе си замине во потоплите краишта, за пак догодина да ни се врати…ни изјави Николче.
Секоја чест за професиналците кои покрај нивната работа извршуваат и хумани активности, вредности кои треба да се дел од сите нас.
Видеото е ТУКА.