Битолската компанија Монтинг Инженеринг Доо Битола, на 19тиот Меѓународен Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ), кој што се одржа од 27. до 30. април 2022 во Охрид, го доби престижното призание за особено достигнување во градежното конструкторство за изведба на Кровна челична конструкција на Градскиот стадион во Цетиње, Црна Гора.

„Како лидери во регионот во областа на челичната конструкција Монтинг Инженеринг по втор пат се наградени од ДКГМ за особено достигнување во градежното конструкторство.

Посветената и квалитетна работа на компанијата му овозможи успех кој е препознаен во Македонија и во регионот. Признанието од Друштвото на градежни конструктори на Македонија е поттик и понатаму да работиме квалитетно и посветено„ изјави директорот Томе Тромбев.

Стадионот во Цетиње, Црна Гора е само еден од многубројните проекти на странскиот пазар, на којшто Монтинг Инженеринг е присутен 8 години. Грција, Албанија, Србија и Германија се другите држави каде што компанијата и понатаму продолжува да работи на големи градежни проекти од големо значење за регионот.