Научете битолски:
Битолски мини речник
Мал фонд на зборој (зборови) кој ке ви помогнат да се снајдите ко (кога) ќе дојте (дојдете) во Битола…😊😊😊

Чупе – Девојче
Стило – Пенкало
Чакмак – Запалка
Сабасаба – Рано наутро
Поќе – Повеќе
Чактисва – Сфаќа,разбира
Одма – Веднаш
Оти – Зошто
Матуф/Дида – Луд
Аџеле – Итно
Апансас – Изненадно
Набафтана – Згора преку
Такуѓере – Исто како …
Усул/исав – Осет
Зијан – Штета
Љуфна – Промаши
Шубе – Сомнеж
Стипса/Циција – Стегнат (материјални средства)
Форес – Стрвост
Од немукает – Од не грижа
Инкер – Малер
Крлешка – Лулашка
Шуќур – Фала богу,конечно
Кркма – Шишка
Терсене – Комплициран
Заваритенџере – Некој што е изгубен во времето и просторот
Чакати – Пари
Бучкуруш – Хаос
Дупнимандало – Итар, Шегаџија
Ленгир – Линијар
Режало – Оштрило за моливи
Стрижење – Шишање
Пајнца – Чинија
Јанглаш – Се користи кога некој не е во право ( Јанглаш си )
Ќенеф – Полско WC
Збоктисано – Преку глава
Дрндлест – Зборлест
Муфте – гага,за без пари
Уљандисан – Изнервиран
Џам – Стакло,Прозорец
Ексик – По ѓаволите
Ѕунѕурки – Лампиони
Му се бендиса – Му се допадна
Пердиња – Завеси
Парамана – Безопасна
Ќуљавка – Книжна ќеса за сончоглед
Шанкуре – Некој што се сили дека е физички јак
Шпринки – Трегери
Кабадаја – Мангуп на батерии

Фото Валентина Аловска