1.„Не лутете му се на дождот, тој едноставно не е крив шо се затнати шахтите .” – Владимир екс директор на Нискоградба од пред 10 години

2. „Дождлив ден поминат на Широк Сокак е секогаш подобар од сончев ден поминат во Скопје” – непозната авторка мажена во Скопје

3. „Дождливиот ден е како подарок – можете да спиете до доцна и дури после да одите на кафе.” – Станојка од Ушици

4. „Некои луѓе го чувствуваат дождот, останатите пак едноставно знаат дека нема промаш да заврни.” Славчо од Струга

5. „Ако сакате да видите виножито, мора да почекате да заврши дождот. Ова лето ќе ни биде 578 виножито.” – Кочо ЛГ БТ

6. „Во сечиј живот понекогаш мора да заврне дожд, но то не е причина јас и ти да не ојме на кафе.” – еден таен обожавател

7. „Чекам луѓе кои ќе ме замолат да направам да исчезне дождот за да се асфалтира некоја улица. ”- на Дејвид Коперфилд роднина од Битола

8. „Сите кои мислат дека во сонцето е среќата, не биле испрскани од кола која ќе мани на дупка полна со вода, на улица во Битола “ – непознат автор на сушење во дневната