Во младоста ја викаа Гола Маја… Некои ја викаа Мона Лиза…Беше толку убава, што немаше друга девојка која би можела да се спореди со неа… Од рани години пееше во една кафеана во која редовни гости беа момци и мажи од богати, угледни семејства, и луѓе со свои бизниси, нафатирани, кои таму трошеа многу пари… Тие, без проблем, само за една вечер излегување, можеа да потрошат и по стотици евра… Доаѓаа да се разонодат, да се забавуваат…да видат убави разголени жени, гладни за машки погледи… Вообичаено, како по некоја традиција, доаѓаа недела попладне, кога чаршијата
мируваше…И сите до еден, се загледуваа во неа… А имаше и во што да гледаат! Никој не и го знаеше вистинското име…Едноставно Гола Маја!

Така ја викаа од многу одамна, и тоа не случајно…Ова име е поврзано со една од годините кога како анегдота младо девојче дојде да работи во кафеаната на угледниот газда… Имаше тело како риба….целата беше како нацртана…. Снагата, очите, усните… Здивот да ти застане штом ја погледнеш!

Во истата кафеана доаѓаа и млади студенти, синови на моќни газди, познати бизнисмени…парајлии…
Меѓу нив имаше и еден уметник, кој посака да ја овековечи нејзината убавина… Секоја црта од нејзините облини, градите, усните… се, по што сиот машки род воздивнуваше и си правеше највалкани фантазии во својата глава… За скромна цифра, таа се нафати да позира… А и немаше избор… Живееше сама, никој не и помагаше финансиски… А животот беше скап, требаше да се живее од нешто! Веќе подолго време беше доселена во градот, каде животот беше драстично поскап од малото место од каде што потекнуваше…

Кога се соблече, и блесна во сиот свој природен раскош, наметката, проѕирниот шал едноставно се лизгаа низ нејзиното тело… Изгледаше нестварно… Просто, не ти се веруваше дека постои вакво
совршено женско суштество на планетава… Некој од присутните ja тргна завесата… Сите подзинаа… Останаа здрвени и одземени од нејзината убост…

Уметникот сликаше, а раката му се тресеше од возбуда… и малку трема…од нејзината убавина, облините… од белата мазна бисерна кожа, на тоа младо едро тело… За кратко време се чу препознатлив звук… Некој од присутните во кафеаната
отвори шампањско… Чашите се наполнија…Како што шумеше пијалокот во тенките чаши,
нивните очи светкаа, озарени,
настрвени, вџашени од совршената голотија на овој редок женски примерок….. Која беше гола, наспроти сите облечени!

Во тие возбудливи и неизвесни моменти, кога настрвените мажи уживаа во нејзината голотија, секој со секого наздравуваше, еден, малку поднапиен студент, се обиде да истури неколку капки вино врз нејзиниот грб…Сиротата се стресе….

Уметникот скокна во истиот миг… Рипна! Не размислуваше воопшто, му удри шлаканица на студентот…. Настана општа бркотница… Девојчето успеа некако да се извлече, додека напиените напалени богати мажи кои се туркаа, и се објаснуваа кој беше во право, а кој ја претерал… Некои богами и ќотек изедоа….

Оттогаш, девојчето го доби името Гола Маја… Имаше само 17 години! Од тој ден, уметникот му плаќаше на газдата за едно собче на задната страна од објектот… скромно, уредно, мало и топло катче… Таму, можеше да слика делови од нејзината убавина, подалеку од туѓите љубопитни и безобразни машки очи… Оние, кои на нејзината убавина гледаа само како на објект… амбалажа која треба да се проба и да се фрли …
Во неговите очи, за неговите прсти и четка, во неговото срце, Гола Маја беше повеќе од уметност… Сега таа беше само негова, иако ја бараа и сакаа и други мажи… Но уметникот, никогаш не дозволи повеќе таа да запее пред останатите гости…

Еден ден, дојде со убаво бело чипкано чадорче за сонце и слични чипкани ракавици, комбинирани со нежна свила и тантели… Taa, никогаш порано немаше видено таква убавина…Од џебот на своето џакето извади свилено бело марамче во кое сјаеше прстенот што го купил за неа… Прво и ги стави ракавиците, а врз средниот прст и го стави и прстенот со црвен камен…
Клекна на подот…….

Сакам да ми бидеш жена -рече.
Одиме кај моите дома….
Клечеше на подот чекајќи го нејзиниот одговор… А таа сиротата… Знаеше дека не е добра прилика за него… Го гледаше… размислуваше… На крајот, ја прифати понудената рака…
Качени на пајтон го изодеа цел
Широк Сокак и стигнаа пред огромна куќа во строгиот центар на градот… На самата главна улица!

Мајката на уметникот која одамна очекуваше снаа… не можеше да се помири со неговиот избор… Не се согласи… Не можеше да го одобри и да го прифати овој несакан момент… Сакаше скромна снаа од еснафско семејство, млада, убава и скромна Битолчанка, а не оваа, која синот и ја донесе на пајтон пред врата…

Се натегаа…
Повишуваа тон…
Го отсинуваа…
го бркаа…
Не му ја сакаа воопшто…
Но уметникот беше упорен, и така Гола Маја остана во нивната куќа… Се до својата смрт…
Беше најмала од четирите снаи од другите синови…
Најубава, највредна, најдомаќинка, со најкоректен однос кон неговото семејство и
неговите родители, и полека, стана единствената миленичка на свекрвата…Никаде не одеше без својот уметник… Другата година роди… Свекрвата ја замоли бабицата да остане и да и помага на снаата за да се снајде полесно со малечкото…

Но таа од рани зори, горе-долу по скалите… Сама си го гледаше детето, сама се грижеше за
својот сопруг, иако во куќата имаше послуга, Ги врши сите работи во задолжена да
домаќинството…

Свекорот беше многу задоволен од хармонијата и љубовта која ја имаше неговиот син и најмалата снаа… Му понуди на синот
партнерство… Уметникот, воопшто не се двоумеше, и го прифати предлогот за ортаклук со својот татко трговец!
Сликаше само во миговите кога неговата млада невеста го доеше бебето.. Беа угледна градска и богата куќа, еснафска, домаќинска, на добар глас… И сите приметуваа дека по доаѓањето на Гола Маја во нивното семејство, се што ќе дофатеа, им се претвораше во злато… Нејзината мирна природа, едноставност, домаќинското водење на куќата и сите потреби
во неа, надалеку се прераскажуваат… И ден денеска…

Дваесет години постариот сликар умре во многу и вљубен, длабока старост, среќен, сакан, задоволен од својот живот и жената која беше цело време до него…до последните свои дни….
Неговата верна Пенелопа…
Доживеа и свадба на својот единец.. и внучиња…Од жал по него… Умре и таа, набрзо… Во години, кога сеуште можеше да му се радува на животот…

Постарите генерации Битолчани, долго прераскажуваа за нивната љубов… За тоа како една недозреана, полугола, неука, млада пеачка од кафеана… влезе во најугледното градско семејство…
Мошне необично и несфатливо за тоа време…Речиси нереално за времето и годините пред
војната….
Тоа е вистинската приказна за Гола Маја, која целиот живот го имаше заробено срцето на уметникот кој се образуваше во
Париз…
Со својата љубов, од него направи еден од најголемите и најугледни домаќини во градот. А најважно од се, го направи многу горд, сакан и почитуван и од оние кои го познаваа, и од тие кои само имаа слушнато за него…
И денес, на еден дел од Широк Сокак сеуште стои исправена гордо куќата во која целиот свој век го минаа заедно… во љубов,
сложно, со смеа, радост и заедништво… Од првиот, до
неразделни, среќни и вљубени..
На многумина им параа очи..
На злобниците…Допоследниот миг.
Одамна Битола не памети толку силна љубов….

Гордана Такец