Последниве недели особено станаа актуелни новите поскапувања на храната, а меѓу нив и на млечните проиводи. Цените постојано се корегираат, а во моментов, додека се пишуваат овие редови ги користиме податоците од онлајн трговијата Пакет.мк. Цената на трајното млеко „Бимилк“ со масленост 3,2% е 69 денари за литар, 400 грама кисело млеко „Бучен Козјак“ е 35 денари, павлака 700 грама „Бимилк“ е 119 денари, кравјото сирење на „Бучен Козјак“ е 364 денари за еден килограм, мешано сирење на „Кораб Трница“ е 457 денари за килограм, кравји кашкавал на „Идеал Шипка“ е 572 денари…

Минатата есен цената на струјата нагло се зголеми, со што бизнис плановите на сите компании паднаа во вода. Дополнително, веќе на големо имаше раст на цените на суровините и на сточната храна на берзите. Компаниите од млечната индустрија, во вакви услови, ги зголемуваа цените, а Владата на 4.12.2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на ниво од 1 декември, на дел од производите меѓу кои и на трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, сирење и урда. Одлуката важеше до 1 март 2022 година, кога место замрзнати цени почна да се применува ограничена маржа. На 1 јуни се укина и замрзнувањето на маржите, за да по кус период од 2 недели пак се водведе змарнување, но со измени за ставки и проценти, кои се уште се во сила. Во однос на млечни продукти, сега има маржа само за млеко, а не и за сирње и за урда. Имено, според одлуката од 14 јуни годинава, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.


Од податоците може да се види дека најголема по приход и по добивка е млекара „Битола“. Таа лани направила промет 39,8 милиони евра и од него реалзирала профит од 2,4 милиони евра. Ова значи дека уделот на профитот во вкупниот приход е 6 проценти, или толку пари купувачите издвоиле со секоја набавка за добивката на компанијата.

Повеќе информации поврзани со анализата кај нашите соработници ПАРИ.МК