Рута и Активности:

Тргнување од Офицерски дом Битола се движиме по Широк сокак се до Саат кулата продолжуваме по булеварот 1-ви Мај кон црквата св АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ Довлеџик.

Откако ќе се одржи свечена литургија и благослов од свештено лице коњаницата продолжува кон селото Цапари преку селото Трново каде ќе се одаде почит кон илинденците од тоа село, по пристигнувањето во село Цапари коњаниците се одмарат и преспиват во конаците на манастирот св Петка каде што утрешниот ден ќе се одржи служба и поклонување на споменикот на 96 илинденци кој го дале животот за Македонија

Потоа од Цапари преку преслап се продолжува кон манастирот св Ана во село Маловиште каде се прави мала пауза и се продолжува преку коридрот до црквата на Ѓавато св Богородица каде се прави пауза за ручек и потоа се трга по патеката кои ја користеле војската за село Гопеш каде коњаниците одмарат и преспиват.

По самиот доручек коњаниците тргат по шумска патека се до славното Смилево,таму се вечера и се организира дружба и пречек од градоначалникот на градот Демихисар и луѓето се преспива.

Се појадува и се посетува споменикот на Даме Груев каде се полага цвеќе и потоа се трга за Големо Илино преку сртот на Илинска планина се до црквата св Илија во Големо Илино каде ќе се вечера и преспие. Се појадува и трга за Велмевци па се пристигнува во Цер каде ќе се споиме со Бигорската Коњаница. Во Цер се одржува дружба меѓу јавачите на двете коњаници со организирање на вечера и преспиваме. Сабајлето се појадува и посетува споменикот на војводата Христо Узунов каде се полага цвеќе и одава почит за дадениот придонес за ослободување на нашата мајка Македонија. Потоа се продолжува со патување за славното Крушево преку селата Долно Дивјаци и Арилево, по самото пристигнување на езерото во Крушево се прај дефиле низ градот со сите коњаници (Скопската Коњаница, Кичевско горно реканската коњаница, Бигорската Коњаница и Битолската Коњаница) потоа јавачите се одмарат до следниот ден каде се одржува главното дефиле со пречек на градоначалникот на Крушево движењето е по главните улици се до спомен куќата на Тоше Проески каде се собрани и се одржува дружба со македонскиот народ потоа коњаниците се одмарат за следниот ден нашиот најголем празник „Илинден“ .
На 2-ри Aвгуст се празнува нашиот најголем празник „Илинден“ и јавачите на коњаниците учествуваaт во свечениот прием на Мечкин камен.