Битолска венчавка иста како во бајките, но овој пат во срцето на манастирскиот комплекс во Калишта во близина на Струга. Ова македонско православно светилиште во неговиот круг има дури четири цркви светилишта и чинар од времето на Цар Самоил, стар дури 700 години.

Духовноста на овај комплекс , верувањето во исцелителноста и благословот на Мајката Божја е вистинската магија и причина за многуте венчавки и крштевки во овој манастир меѓу кои е и оваа на нашите сограѓани Александра и Душко од Битола .

Убавината на Охридското езеро им беше во прилог на професионалците од ЗАГА ПРОДУКЦИЈА кои за сите нас направија извонредна видео разгледница.

Нека им е со среќа и да си имаат бескрај убавини…