Веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ лани, направи приход од 37,3 милиони евра, со што е рангирана на четвртото место по однос на остварени приходи во овој бизнис.

„Развојниот пат на оваа компанија започнува на 9 декември 2000 година во Скопје со материјализирање на полетниот ентузијазам, продуктивното визионерство, зацртаните цели, посветеноста, истрајноста и знаењето на Татјана Стерјева, дипломиран фармацевт и магистер по менаџмент на човечки ресурси, и нејзиниот тим, како продолжение на успешната приказна којашто започна две години претходно со отворањето на првата од ланецот аптеки со потписот на овој бренд“, е наведено на нивниот интернет сајт.

Во Еуро-фарм просечниот број на вработени лани изнесувал 99. А компанијата минатата година прави добивка од 860 000 евра, што е четвртата најголема добивка во бизнисот со веледрогерии.

Воедно Еурофарм е единствената веледрогерија меѓу десетте најголеми и најуспешни што не е од Скопје.

Еуро-Фарм се наши пријатели и се голем поддржувач на културните и спортски настани во Битола и Македонија. Под нивно раководство е нашиот БРЕНД БР. 1, битолскиот ракометен клуб РК Еурофарм Пелистер, кој е во заедничко сопствеништво со Општина Битола.

За повеќе прочитајте кај нашите пријатели Pari.com.mk