Доктор Нико Јанков веројатно е еден од последните чувари на битолскиот староградски стил на облекување. Го наследил од неговиот татко, а се надева дека и неговите потомци ќе ја продолжат традицијата. Колку костуми толку шешири. За различна прилика соодветна комбинација. Стил на облекување кој го наследил од неговиот татко, вели д-р. Нико Јанков еден од последните чувари на битолската староградска мода. „Кога излегуваше наутро носеше една паларија, навечер друг костум со друга паларија, а за во празник и во недлите се облекуваше најсвечената комбинација“, вели Нико Јанков. Тоа е правило по кое и денес функционира специјалистот- ортопед. Жали што времето ја згазна традицијата, но е горд што е сведок на начинот на облекување од времето на еснафите.
Стилот кој сведочел за престижот, но и сталежот на семејството. Вели дека нема цена за кое тоа би го отугил затоа што тоа само посебе кажува дека битолчани од секогаш биле првите промотори на најновите европски моди. „Ваква роба денес не се наоѓа. Посебно ми се драги палариите од зајачко влакно и онаа од типот „Борсалино“, наследство од татко ми. Такви денес не се произведуваат, може да ги најдете во развиените земји, но ви кажав чинат и до 500 долари“, вели д-р Јанков. Најдобро се чувствува кога од домот излегува со наследената паларила „Бурсалино“ во комбинација со палтото од марката „Гронби“.
Знае дека младите денеска се љубители на нешто друго, иако најчесто е плагијат, но потајно работи на планот како неговите внуци на моменти барем да ја продолжат традицијата. „Се надевам дека ќе им остави впечаток моето старградско облекување. Тоа беше пресудно и за мене кога со татко ми шетав по Широк Сокак и гледав дека паларијата ја користеа и како манир за поздравување“, додава човекот кој лекува, но и го чува минатото. Негово е да се обиде, а дека аманетот се негувал ќе видите на закачалката во салонот. Ги има доволно да задоволат сечиј вкус. Во моментов д-р Нико Јанков располага со дестина паларии. Секоја е сведок за одредено време на мода, но најдрага му е оваа затоа што од колено на колено се пренесува над седум децении.
извор и текст Стевче Митревски МРТ, фотографија и благодарност до Ивона Јанкова