Битолцизми XI

Добро утро на сите читатели, јас сум Златко Самарџиев, во Битола ме викаат Кекел, а во Скопје – Златко.

Дали знајте шо значи ОДИ ЗАПАЛИЈА СОБАТА? Во Битола сте на гости и шо ќе одговорите после, ко ќе ве прашат ЈА ЗАПАЛИ СОБАТА?

Печка, вообичаено на дрва, на Битолски се вика СОБА. Од собата

А БОРИЈА? Е, од собата излегуваат БОРИИ, метални цевки – ќумци, низ кои се носи чадот до оџакот. Кривите, виткани бории за на ќош, се викаат КОЛТУК (на Турски значи лакот, лакто од раката).

famcy мангал

Мангал – отворен метален сад за греење во кој има жар, над жарот се прави чај, кафе.

Со КАЦИЈА се носи жар од собата (печката) во мангало или од мангало во една соба во другата соба.

Мангал муабет – нешто како Чамче муабет, муабет со кафе или чај и цигара.

Кација

Чамче – метално лонче, обично за вода. Во црквите, на чешмите има тенок синџир на крајо шо има чамче, за вода пиење. Е ко ќе падни чамчето, звуко шо го прај чангара бунгара дангара, … тоест Чамче муабет. Се вели Ај доста со чамче муабет, дај да се фатиме за озбилно да збораме.

ЛАФ муабет – лесен разговор, за разонода, онака попатно

МУАБЕТ – знаеме сите шо е така?

Си го имаме муабето

Колку да се најди на муабет.


Извор Плагиј.ат