Најново во Битола? Нема шо нема, нема базен, нема аеродром, нема пречистителна станица под Пелистер, нема дом на Копанки, нема воз за Лерин – а пруга има, нема лустер во Офицерски, нема шо нема, сјојдоја и ПМ десет и ПМ два и пол.
Во ова со вирус намачено и не баш весело време, ќе ви кажам неколку Битолцизми.
Офтика
Многу опака болест, на почетокот на минатиот век – тешко излечива, дедо ми починал од офтика, на пеесе и нешто годишна возраст, минатиот век. Медицински е туберколоза.
Шо кашлаш така бе, да не имаш офтика фатено, а?
Цане скина конци, го фати офтиката.
Шо нема вова Прилепо значи
Дамла
Го удри дамлата, се вели за некој ако умрел од мозочен удар.
Или Се здебели многу, го стрефи дамлата
Или Му се фати десната страна, го удри дамлата.
Дамла на турски значи капка (вода, дожд, пот)
Во Турција има марка на вода која се вика Дамла.
= капка
Дамла
Го удри дамлата, се вели за некој ако умрел од мозочен удар.
Или Се здебели многу, го стрефи дамлата
Или Му се фати десната страна, го удри дамлата.
Дамла на турски значи капка (вода, дожд, пот)
Во Турција има марка на вода која се вика Дамла.
Бутур
Ако да речиме Бале кашла, Шо му е на Менде? Бутур му е, тоест Ништо не му е, се прај дека е болен,
Или Шо бутур ти е, а? Тоест Кај те боли, шо те боли.
Зуќем или зуќум
Знаеме шо е, да се потсетиме, тоа е настинка, во полесен облик.
Златко Самарџиев Кекел за plagij.at