qrf_vivi

Велчо Дојчиновски од Австралија по кусиот престој во родната Битола ќе замине на Куба каде што на претседателот Фидел Кастро ќе му ја врачи Книгата за познатиот револуционер Че Гевара.
Дојчиновски, како раководител на фирмата „Мејби”, во која се вработени и неговите партнери Ал Бигс и Стив Вајт, книгата ја објави во Мелбурн во тираж од 25.000 примероци од кои 15.000 на англиски, а 10.000 на шпански јазик. Во неа на 320 страници се поместени извадоци од дневникот на Че, писма, документи, интервјуа и фотографии низ кои се отсликува неговиот проблем и борба. Додека ја подготвувал книгата, тој се сретнал со ќерката на Гевара, Алеида, која била воодушевена од концепцијата на младите автори да го документираат ликот на нејзиниот татко. Книгата ја примила и вдовицата на Че Гевара, а неговиот син Камило во емаилот што го испратил до Дојчиновски вели дека книгата му оставила силен впечаток. Оваа книга на младиот битолчанец позитивно е оценета во Австралија, а дури и во мелбурншкиот весник „The age“ конкурираше за книга на неделата.

Од архивите на Петар Ставрев за Вечер 1981 г.