Битолчанката Олгица Стојановска 28 години професионален аеробик и пилатес инструктор во Орилајфстајл Велнес клубот на нејзиното трето учество на државното првенство “Атлета на Македонија” кое се одржа на 06.10.2018 во салата Расадник во Скопје го освои првото место и стана трократен државен првак во категорија фитнес жени.

Тоа е единствена категорија која содржи два дела, од кои првиот е точка или фитнес рутина, која во себе треба да содржи елементи на танц, гимнастика, сила и издржливост изведени на што повисоко темпо на музика од 1:30 минути, додека вториот дел е позинг во бикини со 4 четвртински вртења во десно (каде се прави споредба на фигурите на сите натпреварувачки).

И секоја година по завршувањето на државните првенства, Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија ги избира најдобрите кандидати да ја претставуваат државата на европските и светските првенства.

Оваа година Олгица беше избрана да ја претставува Македонија на Светското Фитнес првенство кое се одржа во Биалисток, Полска од 26-29 Октомври на кое учествуваа 450 натпреварувачи од целиот свет.

П

рипремите траеја 15 недели под менторство на нејзиниот тренер Борче Стојаноски кој секогаш знае да го извади најдоброто од неа, а во текот на целите припреми беше комплетно спонзорирана од продавницата за спортски суплементи Хардкор Шоп и нејзиниот сопственик Пеце Стојаноски, кој исто така го помогна и нејзиното патување во Полска заедно со Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија и нејзиниот претседател Бобан Ѓороски.

“Оваа прилика ја користам за да им се заблагодарам за прекрасното искуство и можноста да ја претставиме Македонија на еден ваков настан каде учествуваат најдобрите од најдобрите, а нашата држава за прв пат има претставник во оваа категорија.

Исто така голема благодарност испраќам и на Сити Џим – Битола, Орилајфстајл Велнес Клубот и салонот за убавина Уна Нова, како и на нашата битолска и македонска публика кои секојдневно ме поддржуваа и веруваа во мене. Се пласирав на 8мо место, што е солиден резултат за прво учество, задоволна сум од својот настап и презентација, со оглед на тоа што имаше силна конкуренција од неверојатни девојки. Продолжувам со исто темпо, работам на нови елементи кои би сакала да ги вметнам во наредни точки, па се надевам дека повторно ќе имам можност да ја претставувам државата на ваков настан.” за крај со нејзини зборови ни раскажа Олгица.

Од нас голема поддршка со желба за уште поголеми успеси понатаму со кои ќе се гордееме и нашиот град Битола и нашата мала Македонија…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here