Патувањето започна со автобус од Македонија во понеделникот на 20.08.2018 во 18.00 ч. кога битолчанката Мартина Николовска беше испратена од најблиската фамилија и пријатели, подржувачи и спонзори. Во Кавадарци и се придружи кавадарчанецот Мите Ташев и тие се единствените од Македонија кои сами ќе ја извозат европската ВИА ЦЕНТРАЛА.

Инаку за тие што не се запознати„Виа Централа“ е велосипедска тура која почнува во Белград, Србија, а завршува во Хамбург, Германија со апроксимативна временска рамка од 21-ви август 2018 – 10 септември 2018 година.

На полноќ заминаа за Белград истотака со автобус и веќе на 21.08.2018 г. вторник извозија со велосипед на релација Белград- Сомбор,

и денес среда на 22.08.2018 г. ја поминаа српско-унгарската граница на релација Сомбор – Дунавјарош каде пристигнаа пред некој час.

За остварување на овaа голема европска тура, која ни преставува ГОРДОСТ како битолчани заедно со вас да ја следиме, голема поддршка и спонзорство дадоа Црвен Крст-Битола, Премиум пиво, Бабук, Пекара Булевар, Миг Травел, Алкалоид Скопје, Кожувчанка, Космос Компани, Cofee House, ЈП Комуналец, ЈП Нискоградба, МПС, Скара Марија, Ел-Бох, Адвокат Бранко Колев, СН Финансиско друштво, Максидент, Џеко Пекара, Метал Апостолов, Queen Кавадарци, Мед-че Стојанов, ИПА, адвокат Даниел Дани Ивановски и www.babambitola.mk.

Графичка поддршка Ортограф и Петар Илиевски

Да Ве поздравиме сите! ♥♥♥