Јасмина Сидоровски, основач на водечкото хуманитарно списание и фондација во светот еYs!, денеска на нашата битолчанка Габриела Илиевска, Претседателка на Советот на Општина Битола и еден од основачите на граѓанската иницијатива Поинаку и додели Интернационален Сертификат и признание за извонредниот придонес и достигнувања во заедницата, како и значајни иновативни решенија за подобрување на животот во заедницата.

Промените се неопходни за напредок, тие се важен дел од развојот на заедницата и единствен начин општествената организација да ги постигне своите цели и да ја исполни својата мисија. Промените носат напредок.

eYs Magazine ги поддржува сите носители на промени ширум светот кои имаат значително влијание да направат и прават промени во сферата во која работат и делуваат. А денеска како таква ја препознаваме и и доделивме сертификат на г-ѓа Габриела Илиевска – Претседател на Советот на општина Битола, објави Сидоровска .

Габриела Илиевска, претходно како независен советник, а сега и како Претседател на Советот на Општина Битола донесе промени во начинот на работа и транспарентноста на Советот и Општина Битола.

Таа е одличен пример за сите жени – борци ширум светот, кои не се откажуваат.

Во име на eYs Global Јасмина Сидоровски ѝ честита на г-ѓа Илиевска за нејзините достигнувања, најави понатамошна соработка од која како што објави со нетрпение очекува да ги види и идните резултати во целокупното општествено живеење во Битола, за што Илиевска се заблагодари и посочи дека ова признание е уште еден мотив повеќе за напорна работа за подобро секојдневие за сите и продолжување на мисијата која ја започна.