Виена ќе биде новиот дом на македонската ракометна репрезентација и бројната македонска навивачка публика која во голема бројка веќе се упатува во спортските арени. Тука ќе бидат и нашите битолчани кои веќе започнаа да се екипираат и да пристигнуваат таму.
Битолчани на пат за Европското првенство во ракомет (вчера доцна во ноќта)
Првиот меч го играме денес на 10ти јануари против Украина, два ден подоцна силите ќе ги одмериме со Чешка, по што следува дуелот со Австрија. Само најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната фаза, останатите се пакуваат за дома.
Да ги поздравиме 👏👏👏