По иницијатива на граѓанското здружение Поинаку на култното Тумбе Кафе кај некогашната кафеана на ДУТП Македонија, битолчани имаа можност за заедничко дружење и муабетење се со цел да си ги вратат спомените од убавите времиња и моменти кои се случуваа баш тука.

Релаксирачкиот момент и мирот кој го нуди ова место, засладено со турско кафе и локум ги потсети присутните на едни убави времиња кога во Битола,

кога навистина се живееше и функционираше оваа култна меана, уште од времето на Керим Паша започнувајќи од 1903 г. па се до 1987/88 година.

“Оваа скромна акција, дружба и иницијатива да се надеваме дека ќе допре до надлежните институции кои ќе се сетат дека во Битола има многу оставени и руинирани објекти кои се со огромно значење за битолчани и потенцијалните туристи кои го посетуваат нашиот град.

Сите мислења, идеи и ставови од присутните битолчани во наредниот период ќе бидат доставени и во Советот на Општина Битола.

Битола пред се!” – напишаа Поинаку на нивната официјална фејсбук страна.

” – Многу сум среќна што некој се сетил на ова место, за пофалба. Јас работев последните години кога постоеше како кафеана, но штета немаше кој да се грижи за него со почит.”

– Ова е тоа што ни треба, било и треба да остане дел од нашиот град… Дома си е дома, да ни биде тамам, лезет и раат на душата. Убав пример како се може кога се сака. Желни сме за промени… А толку многу заборавени, да не кажам запустени содржини кои го чинат животот поубав. Ме чуди како советниците општински немаат желба, идеја, снага, разбирање, средства и да не редам… Ментален дух за убаво, а наше….
Листа со приоритетни задачи и да започнеме обнова.
Честитки за организаторот.”

– Уба е идејата. Дај боже да бидни нешто. Ама… “- се дел од коментарите на битолчани.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here