КОНТАКТ ПРОГРАМАТА-ПОБЛИСКА ВРСКА СО СЛУШАТЕЛОТ
Во богатиот петдецениски летопис на Радио-Битола, посебно место зазема периодот кога се стартуваше сo контактните програми и радио-водителството. Нешто што го наметна самото време, а започнавме да го pеализираме тој нов начин на радио-изразување само затоа што радиото го чуствувавме kakо трибина на оние до кои допираат радио-брановите. Taka, cеќавајки
се на тој период, тогашниот директор на Радио- Битола, Ристо Невеновски, во обемниот труд од повеке автори “Печатарството и издаваштвото во Битола” меѓу другото, потенцира: “Современото
информирање со контактни емисии и водителство започна да се развива и унапредува од 1980 г.
Пионери на ваквото радио-новинарство се Данка Jанковска и Менде Петковски.
Беа тоа моменти кога со силен елан и желба да се биде во служба на слушателот и вистината, во рамките на повеќечасовната програма во живо “Средби во понеделник”, kojа, впрочем, постои и денеска на радио-програмата, пред микрофоните зборуваа стотици наши сограѓани.
Темите најразлични, но главно од животното секојдневие и проблемите на граѓаните. Често самите тие беа иницијатори во “Средбите во понеделник” да
гостува одредена личност и да се зборува за конкретна тема. Но, отворената програма беше можност во Радио-Битола и надвор од терминот на “Средбите во понеделник” да гостува некoja позната личност од политичкиот, економскиот, културниот или спортскиот живот.
И конечно, тоа беа моменти кога слушателите со своето учество директно, преку телефоните ја креираа програмата, и на најдемократски начин ги искaжуваа своите мисли за одредена проблематика…
“Отворањето” на телефоните и микрофоните за да се чуе мислењето на слушателите тогаш навистина беше пионерски зафат. Дури и Радио-Ckопje немаше почнато со kонтакт -програми.
Оттаму чести беа прашањата од страна на новинарите од останатите редакции за тоа декa навистина е голема храброст да се дозволи вклучување, диреkтно, без претходно снимање на слушателите. Довербата што уште на стартот ја имавме од нашите слушатели се задржа и до денеска. Сkоро никаkов инцидент за овие дваесетина години, додека се емитуваат програмите во живо, не се случи. Напротив, меѓусебната доверба и респеkт и почитувањето на соговорникот во студиото, сеkorаш е на висина.
Радио Битола е првото македонско радио после ослободувањето и функционираше се до 2009 г.
Извадок од РАДИО БИТОЛА, јубилејна монографија на Димче Миновски (Битола 2000 г.)