Покрај најавените субвенции од Општина Битола битолчани со нивни размислувања за уште повеќе и подруги субвенции со кои ќе им се подобри нивниот живот и живеење на овие простори.

Субвенции за филтри за оџаците во РЕК
Крајно време и оџаците на РЕК Битола да добијат некои филтри кои ќе бидат од 21 век со еколошки стандарди и доколку е во можност прочистениот чад кој ќе излегува да биде со мирис на лаванда за на далеку да се почуствува дека работи филтерот.

Субвенции за филтри и за домашните оџаци
Истото важи и за домашните оџаци каде секој гори шо ќе му се најди при рака. За мирис дополнително не мора ништо.

Субвенции за маски за дишење
Зимата и загадувањето си го прават своето. Затоа битолчани со очекувано барање.

Субвенции за јабучици
Бидејќи дупките на улиците во градо биле заштитени под Унеско битолчани барат барем да имаат субвенција за јабучиците од возилата кои секој месец ги менуваат.

Субвенции за паркирање
Градот е наш, заради што и треба да плаќаме поефтина паркинг цена.

Субвенции за одење пешки
Да има субвенции барем едно рало шангајќи за одење пешки за сите тие кои не возиме кола, точак или ролери.

Субвенции за “новите” автобуси кои ќе ни бидат подарени од Скопје

Да има некој фонд барем за истите од кој навремено ќе се набавува соодветен плински систем и барем нема да го загадуваат нашиот редок чист воздух, насушен.

Субвенционирана струја
Самото име кажува РЕК Битола за да нема РАК во Битола и да биде РАЈ Битола. Рајат чоек “шеската” да си ја пушти на максимум.

Субвенции за одење на Пелистер
Да има субвенции за сите кои ќе одат на Пелистер, барем едно кафе или чај да има во Молика.

Субвенции за неиселување
Годишно предлог по 5000 € да му се исплаќаат на секој битолчанец кој ќе остани тука и до крај ќе си ја сака и живее во Битола.

Субвенции за пиење кафе
Секое трето кафе испиено на Широк Сокак да биде бесплатно.

Субвенции за “вадење муабети”
За секој кој ќе извади муабет за било кој/а и со тоа ќе направи интересен трач кој ќе запали кај повеќето битолчани, да биде субвенциониран со дозволени средства и супстанци за поголема машта и фантазија.

Субвенции за одење по кафани Барем еднаш неделно да имаме субвенција за одење во кафана од каде со полна маса јадење и пиење ќе му пуштаме селфи на нашите роднини, другари и пријатели, иселеници во странство, кај кои ќе разбудиме голема носталгија и кои едвај ќе чекаат да се вратат назад.

Субвенции за шмркање чорба
Секоја чорба која гласно ќе биде шмркана во битолските меани да биде субвенционирана.

Субвенции за кабадајчари
За ова ќе требаат најповеќе средства зошто најмалку што сакаме кабадајлуко во Битола да биди загрозен вид во исчезнување.