Битолчани потпишуваат петиција тобоганот во Градскиот парк на лето да биди преместен во некој од битолските базени, дали Олимписки или Довлеџик.

Како што започнуваат летните горештини така и се будат сетилата за разладување и веднаш се размислува каде можи тоа да се добие. Бидејќи бензино е во нагорен тренд и патувањето со кола повеќе не се исплати, ако не ви има некоја туба останато од времето на режимот кога беше дупло поефтино, дојде време секој да си го бара чарето и да бара алтернатива шо да се прај за време на летото. Една од подобрите иницијативи која наиде на голема поддршка и актуелност помеѓу битолчани.

Значи ни се смачи. Угоре удолу, ојме на тобогани во Прилеп замислете кај шо немат вода и реката му се вика Лајнарка, Струга и езеро имат, и аеродром и тобоган. Па не е фер. Тие шо се поимотни или сакат да изгледат богато, како тие во Пајтон шо пијат кафе кај шо е 10 денари поскапо, одат Пробиштип. Замислете еј, Пробиштип. Не Штип ами Пробиштип кузнај кај е некаде на картата дали го има. Бензино е изгор сега, на клуч не се пали колата а не друго. Затоа се одлучивме на ваков чекор, тобоганите кои се во Градскиот парк за време на летниот период да бидат преместени во некој од битолските капалишта. Можи и во некоја од фонтаните во центарот на градо, нема да замериме. Само нека има забава, ексик и манџи и питулици, ни изјави Менде Тобогановски, познат битолски иницијатор и промотор за отворање на затворени базени, Аква Паркој, тобогани и шо не.

Досега веќе трет ден иницијативата ја имат потпишано неколку илјади битолчани.


Веста е измислена и е дел од рубриката ЛабавО само за забава на пошироката народна маса. Вистината е тоа шо немаме Аква Парк или места за разладување какви за еден град треба да ги има и доликува и нема потреба да прајме муабет , ние битолчани веќе се навикнавме без нив и веќе ги користиме низ поголемите центри низ Европа и Австралија, по некој и Канада, Америка. Исто како новиот скијачки центар на Орлови Бари, новите ски топови кај Ниже Поле, автопатот Битола – Прилеп и експресниот пат Битола Меџитлија, па и новиот Зиплајн на Пелистер нека ни останат во мислите. Глупо е чоек да нема ништо за шо да фантазира.