Веќе од денес натаму, 15.000 БЕСПЛАТНИ примероци од новото издание на Битола Турист Мап, ќе бидат достапни на повеке од 50 локации низ градот, такси возилата, националниот парк Пелистер и граничниот премин Меџитлија.
Понесени од желбата, ентузијазмот и љубовта кон Битола и со мала помош од локалните стопанственици и угостители и после неколку месечна работа, успеавме на наш својствен начин да помогнеме во развојот на туризмот во Битола, која со своите природни убавини и културно историски знаменитости има многу што да покаже и понуди. Туризмот може и мора да биде водечки столб на економијата во регионот.
Сметаме дека нашата Баба Планина има огромен неискористен потенцијал во текот на целата година и нуди различни содржини и можности кои можат да привлечат голем број на туристи. Националниот Парк Пелистер единствен од јавните претпријатија ја разбра нашата идеја и безусловно не поддржа во реализација на истата.
Би сакале да се заблагодариме на сите што помогнаа овој проект да биде реализиран, сѐ со една цел, Битола каква што сите ја посакуваме и заслужува да биде.
Инс Медиа / Иван Чулакоски заедно со Глобус Клуб / Горан Пинза Турист Мап 2018/2019.