Дека пред стотина години спортскиот живот на битолчани не бил многу лесен, но баш поради тоа бил интересен ни покажуваат и прибелешките на нашиот сограѓанин Коста Догу кој во неговиот мал албум А-8 формат во вид на тефтер ги запишувал како страстен љубител на спортот во Битола и колекционер. Од малото тефтерче кое се наоѓа во неговиот фонд, сопственост на Државниот Архив Одделение Битола, автентично без промени ќе Ви пренесеме еден мал дел од рачно запишаната историја на случувањата на нашите битолчани во врска со историјата на првиот фудбал во Битола.

ЛОНДОНСКИ ФУДБАЛ ВО БИТОЛА

1908 година еден битолчанец – Веле, трговец од Лондон му донесе топка (бала – фудбал) на син му за играње на најмодерната игра во Лондон и Европа.

СОБРАНИ ПАРИ ЗА ФУДБАЛ

Битолската младина знаејќи да битолските магазини со години тргуват со сите трговски центри во Европа собраја пари и се обратија при најголемиот и најсортираниот битолски магазин „БОН МАРШЕ“ од главната улица Широк Сокак (Локанта), со молба да им се купи- набават топка за играње со нога и тоа од најголемиот град во Европа со кој тргуваат. Фирмата Бон Марше поради нејзина реклама го прими предлогот на битолските младинци и им вети дека за кусо време ќе се постара да им набави фулбал (бала) од Виена.

ФУДБАЛ ОД ВИЕНА

Восхитените младинци со добиениот фудбал од Виена направо заминаа со новата топка (бала) во ливадата. И од тој ден за терен за оваа игра е земена ширината кај Заро.


Прибелешки од дневниот на Коста Догу за историјата на битолскиот фудбал 1896-1920

Појаснувања: Бала- најверојатно доаѓа од анг. збор ball- топка

Трговецот Веле од Лондон, непознат

Магацин, фирма Бон Марше на Широк Сокак , за нас досега непозната.

Ширината кај Заро, непозната за нас локација.

Доколку има некој од вас постарата генерација повеќе инфо, слободно напишете ќе додадеме.


Кој бил Коста Догу ТУКА

Битолски фудбал 1896-1920 Прв дел ТУКА

Извор Фондот на Коста Догу и голема благодарност до Државен Архив Одделение Битола