Битолчани се најзадоволните граѓани од одлуката за поврат на ДДВ бидејќи како што кажува нивната математика 365 дена по 3 кафина на ден се околу 10.000 кафиња. Секое кафе по едно евро тоа се 10.000 евра од кои 2.000 евра ќе бидат ДДВ. Повратот од 15 % околу 300 евра ќе биде чист ќар и ќе се испијат уште 50 кафиња гратис. Значи математиката е таја.

“Некогаш ако фатиме спортска или ко ќе треба cover на Фејсбук да смениме ќе маниме и некоја шемаџиска пијачка, пример ладно цедено, секс он д бич, москито коктел или мексиканско пиво (заборајф како се вика дека не пијам на секое). Сето тоа оди во прилог за покачување на сметката, ДДВто и повратот на ДДВто. Значи ние во секој случај сме во ќар. И кафиња по цел ден и парињата назад.”-со задоволство се пофали нашио соговорник.

Со гласините започнаја и припремите за првата нај кабадајчарска сметка со најголем ДДВ направена во кафич. Во најава е и доаѓањето на нашите иселеници кои ќе допринесат со многу јаки сметки, и кои по некоја логика ќе ни ги остат нас, на својте роднини. Да нема замерки дека “Од чиче нема некое доларче” ќе падни некоја јака кафанска сметка од која ќе има сигурен поврат на ДДВ.

Убавите времиња допрва доаѓаат. Пијте си каве, пијтеси тутун, азното само ќе си дојди.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here