И овај априлски петок на 29.04.2022 г. , една недела после Велигден во славно Гинимале на т.н. Горното средсело продефилираа играорците од КУД Илинден на прославата по повод Селски Велигден (Источен Петок- Балаклија).

Во неделата по Велигден, на верскиот празник Источен петок- Балаклија, во Битола доаѓале гости од селата. Сите заедно се собирале, а песни и ора имало до раните зори. Обичајот потекнува уште
од 16 век кога во градот почнало да се населува христијанско население од околните села. Градејќи ги куќите оставале широк простор кој им служел за собири. Така, Јенимаале била единствената населба во Битола со средсело. Населението кое се доселувало со себе ги носело и своите обичаи. Гостите од селата
го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски, затоа што гостите им доаѓале од
селата.

На настанот беше присутен и Градоначалникот Тони Коњановски заедно со официјални лица од Општина Битола.

Битолчани продолжуваат со негување на традиција која. трае со векови.

Фотографии од Официјалната страна на Општина Битола