Група од битолчани од Дирекцијата за спасување и заштита се помеѓу спасувачите кои се наоѓаат во Драч, Албанија.
Веќе имаат една непроспиена ноќ и таму се за да му помогнат на локалното население кое е затрупано под урнатините и за расчистување на теренот кој е разрушен од силниот земјотрес кој во текот на вчерашниот 26ти Ноември го погоди овај регион.
Веќе подолг период има голема сеизмичка активност во Албанија, но овај пат за жал со големи последици.