Битолското атеље Пердика цели 8 години го изработуваше иконостасот во централната црква Св. Никола во Крушево. Тоа беше долг процес на изработка од проект до монтирање во кои беа вклучени повеќе копаничари.

Иконостасот е долг 16.80 метри и има импозантна висина од 7 метри плус крстот и е еден од најголемите иконостаси направени во поново време на Балканот. Неговото монтирање траеше со месеци, како што се изработуваа деловите така истите се склопуваа, етапно малку по малку.

„Со овај иконостас кој се наоѓа во црквата Св. Никола се надминавме ние како Атеље Пердика јас и моите синови Филип Митко и мојата сопруга Мирјана, која беше и е наш најголем поддржувач и таа ги црта сите проекти. Мислам дека ова за нас е еден од најдрагите иконостаси и заради местоположбата, затоа што претходниот бил лебедова песна на Петре Филипоски Гарката и се зачувани и повеќето оригинални икони. Пред една година го направивме и Владичкиот престол за да се обнови целокупниот ентериер…

Во моментот сме во преговори за иконостаси во нови македонски цркви, минатата година украсивме со резба две цркви во Ресенскиот регион и ја завршивме внатрешноста на црквата Св. Вознесение Христово во комплексот Влашките гробишта како нас триесетти иконостас… ни посочи на крај Гоце Крстевски од битолското атеље Пердика.“