АПЕЛ до РК Еурофарм Пелистер , дури не напрат од клубот, како во сите големи клубој, за верните и редовни навивачи, шо имат сезонска и се редовени на утакмици, да имат приоритет (ден порано) да си купат карта, ќе има ваков проблем, без разлика колкава е салата!!!

П.С. Втор АПЕЛ до клубот и надлежните и одговорните во него, да напрат карти (сезонски и редовни) шо ќе личат на нешто (пластифицирани), а не како сега шо не личат на ништо и уште не искористена на утакмица се скинала по џепојте, да одговара ликот и изгледот на картите на големината на клубот!!!💚🤍🍀

П. Р.

Не успеав на време да се вклучам и кога се вклучив гледам распродадено. Скоро на сите натпревари идам и за првиот тим и за вториот со сезонска карта ама работните обврски не ми дозволија да се вклучам навреме. Ракометот ми е во срце. Пелистер ми е опсесија ама ……. Господа треба да имате разбирање и да се изнајде решение и за нас со сезонски. Сакам да дадам максимална поддршка на нашата гордост. 💚 РК Еурофарм Пелистер 💚

П.С. за Пелистер е потребна сала од 7 – 8.000 гледачи. А дотогаш…… ! Како и да е ајде сега в’сабота да ја преполниме салава и за младиве Еурофарм Пелистер 2 со Вардар. Да му дадеме максимална поддршка а тоа овие деца и те како го заслужуваат, а пред тоа да се загрееме Пелистер – Охрид.🍀🤾‍♂️🏆 Б. С.

Напред момци стета не стигнав на време да набавам карта,се надевам ке има видеобим и фан зона пред сала. А. С.

РЕШЕТЕ ГО ПРОБЛЕМОТ!ИЗГРАДЕТЕ НОВА САЛА ВО БИТОЛА СО ПОВЕЌЕ СЕДИШТА! САМО ЕДЕН ТИМ САМО ЕДЕН ГРАД САМО ПЕЛИСТЕР САМО БИТОЛА!!! И. Ш.

Ни треба сала модерна со двоен капацитет од сегашниот, допрва забавата ќе иди на ракомет. Да не се лажи Градоначалникот со некаков нов спортски мултифункционален објект со 2/3 илјади седишта. И. П.

Овие играчите на Нексе нека побарат во нивнио речник зборо “ПОПАРА”, не знат каква попара ќе сркат, мислат ова во Нашице е, публиката стана во 57 минута. Дечки дајте му такво шоу шо никогаш нема да го заборат да видат по која потврда идат во Битола. Екипите шо заминале од ова сала со потврда во европска нокаут фаза се бројат на една рака а вие не сте ни блиску. Спремете се ментално не технички. Се Гледаме. Т. М.

Газиме вторник сите како фамилија ! 🍀🍀🍀🍀 Т. Д.