Битолчани генерално се присутни во нивните домови или на нивните работни места. На улица преовладува баш таа најризична група од 60+ години. Препорака е да се седи дома доколку немате неодложни работи. И тоа важи за сите нас.
Во Битола сеуште не е регистриран случај на заболен од Covid 19, но повеќемина има во самоизолација или карантин. Што значи голем е ризикот и неизвесноста која баш ние најповеќе треба да ја почитуваме и да не ја занемаруваме.
Апел до вас ако имате дома некој пензионер раскажете му ја состојбата. Баш поради недостаток на информации и неинформираност можеме уште повеќе да налепиме.
Фотографии испратени од Филип Ивановски