Ние битолчаните од мали си знаеме дека живееме во најубавиот град на светот. Од мали ноѕе ги слушаме истите аргументи кои ја поткрепуваат таа теза:- Битола е градот на конзулите,- Битола е градот на клавирите,- Битола е најградски град во Македонија,- Битола е град со најдолг градски стаж во Македонија,- главен град на некогашен турски вијалет,- си го имаме Пелистер,- си ја имаме Хераклеја,- си имаме најубај чупиња во цела Македонија,- најубав дијалект си имаме, најмакедонски е од сите,- корзото е центар на универзиумот и така натаму,- Скопје е најголемо село во Македонија,- Скопјани се јадат живи дека не живеат во Битола.
Тие аргументи ни помагаат во животот да се почуствуваме повеќе вредни, повеќе значајни глобално и повеќе самоуверени локално. Нашата гордост е видлива ососебно во сабота сабајле, кога облечени во најубајте алишта од најубаите бутици си слегваме удолу. Откако ке си слезиме удолу си се движиме по најдолгата ред карпет зона во републиката и сме сигурни дека сите не гледаат, оговараат, фалат и критикуваат, се заљубват во нас или пак мислат дали да не частат вечер пијачка.
Најповеќе тогаш си се прашуваме дали ни се размачка креонот и дали сме црвени на образите. Освен тоа одиме во вц без да порачаме кафе и си ги местиме силиконските ремчиња од градниците. На ред карпет зоната си имаме постојана изложба на разголени грбои и папоци (во сите годишни времиња), ќелави глави и рејбан стакла (повторно во сите годиШни времиња) и изложба на мотори, коли со австралиски регистрациони таблици и розови скутери (нидлс то сеј, во сите годишни времиња, особено на лето).
Си имаме битолчанец (си имавме) кој се искачи на Монт Еверест, ама не стигна да слезе и да се пофали. Си ја имаме Каролина Гочева. Тоше овде заврши средно. Гарант тука го научиле толку убаво да пее. Си имаме бељот, најповеќе сакаме да играме во парк во летно време. Си имаме Битолско во големи пластични шишиња и си имаме роднини во блиските села кои редовно не снабдуваат со зарзават.
За да им се оддолжиме им помагаме (или не) во копањето нивите, и после тоа редовно се судиме за тоа која која нива да си ја земи во наследство. Си имаме аристократски фамилии со најубајте куќи и дуќани и конзулати. Си имаме маалски бакалчиња каде што редовно се пишиме и каде што илегално купуваме цигари и алкохол а продавачките не не кажуваат на мајките и татковците запишувајќи ги цигарите и пивата како три леба и пет млека. Најважно од се, си имаме роднини од Австралија, Америка и Канада. Тој што си нема, можно е ако си има ќерка да си ја омажи таму, па така и тој да си има.Си го имаме Расчекор каде што си го имаме Кармата на врата да не пушти или избрка. Ако си го немавме Ќе немавме каде да одиме после дванаесет, ама ете си го имаме Расчекор до три, среЌа голема. Си го имаме најакиот театар, ма каков МНТ, каков Драмски, нашиот е најдобар и точка! Си имаме и три кули, три лепотици и си ја имаме тројката кружна, и четворката ако сакаме да одиме во Оризари. Си имаме такси Што не носи дома за 15 денари и во Охрид за 250. Си го имаме ТАТ, ни ги зеде парите ама ете сега, ѓоа ги враќа, и сеа почнуваме да ги трошиме.Си ја имаме дискотеката Свинг – Ла Синема и на пример таму си имаме концерти. По едни пати си имаме и журки каде што ојме да гледаме како другите смешно играат (си рачунат нешто со рацете) на некоја чудна музика и да твориме теории за нарко мрежи и секти.
Едно време си имавме неколку познати градски наркомани арно ама направија беља и сега не ги гледаме. Си имаме цајкани кои редовно не запишуваат во тефтерите и после тоа дома не караат дека сме биле дрогираши. Си ја имаме спортската сала и таму ни свири Влатко Стефановски. Си немаме кино оти си го претворивме во Дискотека ама затоа си имаме Дом на Културата кој си го претворивме во кино и си фаќаме врски за да си земеме карти за да го гледаме Господарот на Прстените. Си го имаме Драгорот, особено кога ке врне, оти инаку повеке си го немаме отколку што си го имаме.Си имаме стада овци што ни пасат пред зграда. Кога си ги Шетаме кучињата во чистинката кај Хотел Битола, на пример, тогаш си имаме овчари или кравари кои ни се лутат оти им го растураме стадото. Инаку таму сега си имаме пазар и паркирани камиони. За малку ке си имавме и црква ама не ни ја направија.
И си имаме крст на Германски Гробишта, и свети навечер.И си одиме во март на Кркардаш. И на физичко на Тепсија горе.И базени си имаме два, и откако Ќе се искапиме и напиеме кафе таму, си одгледуваме лишаи и габи. И за матурска си купуваме фустани од Солун и си се фризираме кај Сашо од Прилеп. Многу сме среќни ако си имаме мајки и татковци вработени. Многу сме среЌни исто така ако и ние работиме, во Веро, на пример или во некој кафич или бутик. Инаку не работиме. Значи, прво завршуваме Педагошки факултет и после тоа на пример, се мажиме ако затрудниме во меѓувреме, или пак се вработуваме во Веро ако имаме врски да се вработиме. Таму си седиме на каса и потајно се надеваме дека Ќе добиеме одмор на лето за да одиме во Црна Гора и дека дотогаш нема да не отпуштат.
Ако сме многу среќни тогаш си имаме виза за Грција и се надеваме потајно дека Ќе можиме таму да работиме на лето, во меѓувреме се запишуваме на курс по грчки и учиме на памет грчки песни за после да се правиме шизици по кафичите.Си го имаме Барот и таму си имаме певалки што ни играат на шипка. Им лепиме на папокот илјадарки бидејќи ние сме многу богати и многу заработваме. Деците ги имаат сите петки оти класна им е наШа роднина што си ја имаме. Ако децата имат тројка по математика тогаш учителката нека се научи прво да број до десет па после нека им пиШи на децата наши тројка.
И на комшијата шо си го имаме керќа му прво е ама знај да чита како да е осмо. Многу си сакаме да си ги пуШтаме децата на курсеви по манекенство и на музички фестивали. Пријатели сме со Нечак и ни пиши најуба песна за синот да ни стани втор Марјан Стојановски. Жените исто така ни се вработени оти со директорот бевме заедно војска.Си имаме технички факултет којшто го завршуваме по едно седум осум години и каде што си пишиме квадрати и си седиме во бифето со асистентите и си пиеме долго макијато со топло млеко и чаша вода со мраз. Освен тоа со долготомакијато си пиеме и кокакола со две коцки мрази со цефка и си пушиме бос во меко или родео лајтс.
Во случај да емигрираме некаде во иднина многу ни е мака што не прават баш такво кафе како што ни праеја во Битолата. Кога ќе си ја слушниме песната Ако одам во Битола паѓаме во тешка депресија за време на стиховите за Солуна, за Стамбола неа не давам, си го колниме животот кучешки и веднаш пуштаме пакет со носени алишта и 20 долари за децата. Најубај сме. Најпаметни и најубо се облекуваме. Ги заебаваме прилепчани оти се мајмуни. Не јадиме често чкембе чорба. Немаме ајродром. Немаме секси шоп. Ама затоа имаме едно чудо МАЏАРИ, и на СИЕНЕН ми ја кажваа улицата.
Текст од 2005 на непознат автор