Македонија, односно ракометниот национален тим доби нов „министер за одбрана“ – битолчанецот Никола Митревски.

Без потценување за квалитетот и она што Борко Ристовски го има дадено за нашата репрезентација, но сметаме дека е време да ја предаде „круната“.

Стојанчо Стоилов симболично на неговиот профил

Митревски трпеливо и доволно долго седеше на клупата и ја чекаше својата шанса, а секоја од нив ја користи од добро – подобро.

Денеска, 15-тина минути му беа доволни на Борко да биде сам свесен дека „не му оди“ и да му го отстапи просторот меѓу диреците на својот колега, а Митревски блескаше. Со 13 интервенции чуварот на мрежата го заврши мечот и одигра клучна улога во пресвртот на нашата селекција.

Митревски, сите аплаузи и честитки одат на твоја сметка!

Извор Спортмедиа.мк