Битолчанецот Никола Митревски е херој во првата половина од натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија и досега направи точно 10 интервенции на голот.
Инаку желба на Никола била да биде фудбалер, но кога во училиште почнале да играат ракомет, тој бранел и по неколку школски натпревари класниот раководител му рекол: „Ти Никола, мора да почнеш да тренираш ракомет“. Тој се противел, другарите и наставникот биле упорни. По неколку тренинзи дефинитивно се одлучил за ракометот, а од 13-та година почнал и активно да тренира. Професионалната кариера ја започна во Пелистер…
Браво Митревски!