Дејан Киревски е битолчанецот кој со неговите “Направи сам” видеа моментално ја “дрма” Битола и цела Македонија и тоа само заради една причина: заедно со нас да придонесиме за подобрување на оваа состојба и олеснување на работите кои буквално ни се недостапни или се премногу скапи.
Нормален и приземјен битолчанец, вреден, паметен и мирен, со постојана насмевка на неговото лице. Оженет, татко на три деца, електротехничар електротехничар со IV степен кој неколку години е невработен и сигурно многу би придонел доколку е дел од успешен македонски тим. Ние со него сме заедно веќе две години и право да Ви кажеме сме многу успешни. Денес со неговото видео ги срушивме сите рекорди со скоро 1000 споделувања/ за еден ден. Нешто што досега кај нас не е забележано. И затоа одлучивме барем на 5 минути да го доближиме до вас…
Здраво Дејан. Во овие тешки времиња за сите се одлучивте да одвоите дел од вашето време со фамилијата и да направите нешто корисно кое навистина ќе ни се најди за сите нас?
-Здраво Бабам Битола, Ви благодарам што ме контактиравте да направите едно мало интервју со мене. Како прво, покрај мојата фамилија и доста работни обврски што ги имам со мојот Youtube канал “Mr.DK DIY”, најдов некако време да направам навистина корисни видеа за нашите битолчани, за нашиот народ, но и за сите што ме следат секаде низ светот. Заради функционалноста на моите видеа мојот Youtube канал е многу познат низ целиот свет, така да се надевам колку толку на било кој од вас му помогнав со моите “Направи сам” видеа.
Од каде ја црпите инспирацијата?
-Инспирацијата ја црпам насекаде околу нас, со консултации со пријатели, од моменталните ситуации што се случуваат, морам да ве споменам и вас Бабам Битола, имаме доста добра заедничка соработка и со вас и така..
Знаете јас сакам да правам и да креирам видеа што навистина некому ке му се најдат и ке ги искористат моите примери…
Видеата каде ни е преставено како да направиме сами маска за заштита и гел за дезинфекција рушат рекорди.
Колку сте вие задоволен и дали хуманоста е тоа што повеќе ги исполнува луѓето или трката за профит?
-Да сите мои видеа се многу познати низ светот, имаат доста голем број на прегледи, така и овие последни видеа што ги направив за краток период постигнаа голем број на прегледи а тоа се видеата “Како да направите заштитна маска”
“Како да направите автоматска машина за дезинфекција на раце без допир”
и последното мое видео кое излезе неодамна “Како да направиш сам гел за дезинфекција на раце” .
-Презадоволен сум од мојата работа, се надевам дека со моите видео примери сепак ќе помогнам некому, тоа се примери да се заштитиме прво себеси а после и сите други околу нас.
-Има доста луѓе што гледаат прво профит а после се останато, но хуманоста јас мислам дека секогаш испливува на површина и тоа е добро да се помогне некому на било кој начин, како што го направив јас со моите видео примери.
Кои се твоите идни планови и што можи да очекуваме?
-Прво посакувам што поскоро да се среди оваа непосакувана ситуација во нашата држава и во светот со вирусот, додека околу моите планови во иднина се, се разбира големата посветеност на мојот Youtube канал, моментално имам над 280 “Направи сам” видеа така да се надевам дека тука нема да застанам. Мојата цел е да стигнам до 1 милион претплатници (луѓе), што ќе го следат мојот труд, работа и креативни “Направи сам” видеа,
Најавувам дека ќе има доста интересни, инспиративни, едноставни и сложени DIY Youtube видеа во иднина..
Скоро 150.000 сабскрајбери. Дали беше тешко да се достигне оваа бројка и колку може да се живее од Јутуб?
-Да, точно, мојот Youtube канал за скоро ќе наполни и 150 000 претплатници (SUBSCRIBERS) и за тоа сум многу горд што сум стигнал до оваа бројка, сепак не се малку 150К луѓе да ја следат твојата работа, да ги носиш на грб, и да те дружат преку лајкови и коментари на секое видео, насекаде низ светот…
На 23 Декември наполнив точно 3 години како работам на Youtube. Не се надевав дека толку брзо ќе стигнам до тука каде што сум, и верувајте ми многу е тешко да си јутубер, одзема доста од моето време како во гаража кога ги снимам моите видеа, така до смислување на идеите што да снимам, што да работам денес.
Повеќето време ми одзема монтирањето на моите видеа, можам да кажам дека сите мои досегашни видеа ги правев и креирав сам и тоа е многу макотрпна работа.
Околу живејачката, да, може да се живее од Youtube и мило ми е што започнав навреме да се занимавам со работа што ме исполнува во целост.
Сега засега ми недостига и Широк Сокак, кафето со Мацо Хакеро, Боро, Томи и Мичо Цртачо. Се надевам дека за скоро ќе помини ова лудило и се ќе се врати во нормала.
Покрај Јутуб рекреативно се занимавате и со музика. Дали може еден рефрен од некоја песна поврзана со Битола?
Ех, музиката е моја вечна љубов. Повелете една строфа и рефрен