Александар Георгиевски од Битола е момчето кое преку неговиот блог G_Vision веќе подолг период низ социјалните мрежи ни ја прикажува смешната страна на животот…
Целата идеја ми дојде кога видов дека полно талентирани деца за цртање, пишување, пеење и други уметности почнаа да си креираат свои профили. Мојот профил постоеше веќе 2 години, но од лани беше во мирување поради тоа што морав повеќе да се посветам на други полиња од животот а спонзорствата и соработките ми завршија… започна да ни раскажува Александар.
Сега едноставно кога имав повеќе време во карантините ми дојдоја повеќе нови идеи, што е многу мажно да не е на стара слава и публиката да чита нешто што е” дежа ву”.
Почнав за забава на блиските пријатели кои се познаваме, ама вака така преку соработки, споделувања од читателите се раширивме и низ Битола и низ цела Македонија. Благодарен му сум на сите кои се редовни наши читатели и подржувачи, се е благодарение на нив, тие ми даваат и повеќе мотив да направам нешто плус за да ги насмеам.Најмногу ме радува кога на улица некој пријател или некој кој не го познавам ќе ми пофали некоја објава, или кога ќе видам дека некој споделил нешто мое на својот профил…”
Како што вели, сака во својот хумор и сатира што помалце да ја спомнува политиката, и сите други појави што ги делат и шират омраза меѓу луѓето. Секогаш негова цел е луѓето да ги насмее и не сака да навреди никој, па вели дека голем проблем му се луѓето кои се препознаваат во неговите објави. Посебно актуелен и споделуван лик кој и други личности доста почнаа да го споменуваат е “Гоце од Австралија” измислен лик кој секое лето доаѓа во Македонија за да си најде сопруга. Има премногу текстови и објави, ваше е да прочитате и да се насмеете, а ако нешто ви се допадна од ова што ви го претставивме, побарајте на Фејсбук и Инстаграм g_vision.mk и подржете го нашето дете-битолчанче, кое сака да го пренеси на сите својот необичен хумор и свет во кои тој сака да живее.
За повеќе од неговиот блог кликнете на сликата