SysAdmin AR е играта изработена од тимот Buffer Studios кој доби трето место оваа година на Global Game Jam 2020 во Скопје.Тимот се состои од Димитар Бежановски како програмер. Александар Кочанковски, Виктор Мегленовски, Стојанче Крстевски како 3Д артисти и Емилија Голабоска како дизајнер на музика.

Во играта вие сте систем администраторот и вашата задача е да го браните серверот дури трае колоквиумска недела од надворешни напади како вируси.SysAdmin AR е изработена со технологија на Augmented Reality (AR) што значи за да ја играте морате физички да се движите во реалниот простор. Со ова можите да се забавувате и да внимавате на вашето здравје истовремено.

Во моментот играта сеушта е во фаза на изработка и е отворена за тестирање на Google Playstore. Секој кој што сака може да ја испроба.
Ако имате некои забелешки слободно пишете му на Димитар.

Линк до апликацијата:https://play.google.com/store/apps/details?id=com.BufferStudios.SysAdminAR