Битолчанецот Никола Аврамовски, професор по германски јазик и наставник во ОУ Климент Охридски, сопственик на Центарот за странски јазици Лексика од Битола, денес испрати великодушна понуда за германецот кој после четири години пешачење низ цела Европа дојде во Битола и реши да остане во Македонија:
Објавувам јавно дека ќе го вработам овој германец во Лексика и ќе му најдам жена и направам корисен за нашиот град !!! Herrlich willkommen in unserer Stadt mein Freund… напиша тој на неговиот фејсбук профил.
Ова не е комерцијален текст , туку е мало внимание за големината на еден наш битолчанец . Внимание кое е вредно за почит , внимание кое сите не храни и охрабрува за да продолжиме и понатаму со правење на добри дела . Заслужено и од срце.
Фотографија насловна, скриншот Маја Богоевска Сител ТВ,