Битола моја честит 4-ти Ноември и ослободување. Граду мој да не постоеше, требаше да те измислиме заради тоа што на Македонија ти им ги подари и твои се:
- Хераклеа и нејзините прекрасни мозаици,
- Името Монастири заради многуте цркви и манастири,
- Патот Виа – Игнација,
- Саат кулата, срушената дембел чаршија и пекмез пазарот,
- Најамбиенталната улица Широк сокак со впечатливата архитектура,
- Црквичето Четириесет маченици со легендата и книгата од Владимир Костов,
- Браќата Манаки и нивните историски снимки со првата камера на Балканот,
- Срушениот стар театар со прекрасните ложи,
- Народниот театар Битола и првата претстава на македонски јазик Ѓоре Магаревски на Владо Малески,
- Првиот македонски Хамлет на Ацо Стефановски
- Првиот македонски Сирано де Бержерак на Петар Мирчевски,
- Пиреј, Свадбата на Мара и маестралната Јоана Поповска,
- Маестралните Бегалка и Печалбари на Љупчо Ѓоргиевски
- Влатко и Горан Стефановски родени и израснати во дамарите на стариот театар,
- Единствениот фестивал на светот за директори на фотографија Браќа Манаки,
- Првиот национален парк во СФРЈ –Пелистер и неговата молика
- Твои се исто Пелистерските очи и погледот кон Солун од врвот Пелистер,
- Првиот клавир на Балканот,
- Концертите на Сара Бернард и Франц Лист
- Конзулските балови и конзулатите,
- Офицерскиот дом со волшебно акустичната банкет сала со балкон,
- Џепането и Тумбе кафе,
- Германските и француските гробишта,
- Ракометниот клуб Пелистер и неговите успеси,
- Легендата Димитар Илиевски –Мурато, првиот Македонец на врвот на светот –Монт Еверест,
- Виртуозот на ракометот Боро Чурлевски
- Пеколот во салата Боро Чурлевски и Чкембарите,
- Првиот натпревар воопшто на македонски клуб во Европа,
- Првиот натпревар во ракометната лига на шампионите на Европа,
- Првиот македонски клуб кој играл полуфинале на европски куп,
- Гимназијата Јосип Броз Тито и народните херои и академици кои учеле во неа,
- Редицата знајни и незнајни ученици на Гимназијата Јосип Броз Тито кои оставиле печат во различни области на живеењето,
- Првиот час на македонски јазик во средните училишта во Гимназијата Јосип Броз Тито,
- Еврејските мала и куќите со Давидова ѕвезда,
- Турската касарна и младотурската револуција,
- Кемал Ататурк и неговата спомен соба,
- Неговата најголема љубов Елени Каринте,
- Првата пожарникарска служба на Балканот,
- Црквата Св. Димитрија и прекрасните слики и икони на рускиот сликар Мелников,
- Иконата со Исусово сонце од Св. Димитрија која е основа и мотив на знамето на нашата држава,
- Прекрасната зграда на Митрополијата,
- Ајри Демировски и неговата Битола мој роден крај која на Балканот е симбол за песна за родниот крај,
- 500 -тете песни кои се за тебе или се споменуваш во нив,
- Твоја е драга моја Битола македонската песна на векот Чија си на генималецот Славе Димитров,
- Носталгија на најрадиофоничниот радиски глас Ѓоко Ѓоргиев,
- Кога те нема и Тајно моја на Кире Костов,
- Бакни ме на Сашка Петковска
- Волшебниот глас на Каролина Гочева,
- Шармот и диригентскиот став на Ѓумар,
- Серенадата и Бисерот Балкански на Гоце Николовски
- Кадифениот глас на Виолета Томовска
- Едно име имаме на Јонче Христовски,
- Ако згрешам нека изгорам на Пепи Бавтировски
- Саноќ седам Трено на Добри Ставревски
- Музичкото училиште кое ја има образовано пола Филхармонија и Опера,
- Куќата каде е формирана Албанската азбука,
- РЕК Битола и енергијата која извира од таму,
- Пелагонија и земјата која човек раѓа,
- Твоја е Руска црква и Св. Јован Шангајски,
- Заштитиникот твој Св. Нектариј Битолски,
- Битолската богословија и Николај Велимирович,
- Буковскиот манастир и лорд Бајрон кој преспал во него,
- Фудбалската легенда Миљан Миљанич,
- Твои се улиците Монастириу во Солун и Битољска во Белград,
- Крсте Петков Мисирков и кнезот Ростовски,
- Универзитетот Св. Климент Охридски и прекрасната зграда на ректоратот,
- Првата жена со возачка дозвола во Македонија,
- Твој е еден од основоположниците на Автокефалноста на Македонската православна црква Климент Малески,
- Првата македонска опера Гоце и нејзиниот автор Кирил Македонски,
- Твој е првиот македонски филмски режисер Димитрие Османли и филмот Мирно лето
- Шаховскиот велемајстор Ристо Ничевски,
- Твој е народниот херој и лекар д-р Трифун Пановски
- Генералот Васко Карангелевски,
- Хероите Стив Наумов, Елпида Караманди и Таки Даскало.
- Првиот фармацевт во Македонија и на Балканот Рајна Алексова
- Првиот дипломец на Медицинскиот факултет Скопје Д-р Теки
- Твој е драга моја Битола еден од првите македонски интернисти познатиот д-р Јован Калаузи,
- Еден од првите македонски офталмолози д-р Димитар Котевски,
- Познатиот адвокат Тома Фила,
- Архитектот Ото Ташкович,
- Познатиот македонски архитект Јанко Константинов
- Асномецот Богоја Фотев….
Методија Атанасовски