Нашиот битолчанец Нашоку Марио од пред 20 години замина на студии во Букурешт, Романија и моментално е физиотерапевт во сопствена ординација за кинезитерапија и е еден од првите битолчани кои се вакцинирани за време на оваа светска пандемија.

Се вакцинирав пред неколку денови против Ковид 19. Пред да се одлучам да ја примам вакцината учествував на три симпозиуми специјално за вакцинирање на Ковид 19 и фактот дека први се вакцинираа 6 милиони од медицинскиот персонал во целиот свет мислам дека заслужува лугето да знаат дека е многу потребно да се вакцинираме оти само така можиме да го победиме вирусот!

Да знаете , јас не сум за тоа да луѓето да се вакцинираат задолжително, но можам да ви кажам дека кога се вакцинирав, четири доктори од Битола ми се јавија лично и ме замолија дали можам да му најдам вакцина за да дојдат да се вакцинираат тука во Букурешт. Тоа кажува многу за вакцината !
Ве поздравувам и Ви честитам за се што правите за Битола и за битолчани, на крајот не поздрави Марио низ смеа дека ако сакаме слободно можеме да го викаме Фајзеро.