БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Еден од советниците на Поинаку кои се застапени во советот на Општина Битола, Иван Чулакоски, по втор пат со костум на сноуборд се спушти по падините на Баба планина, објавувајќи дека тоа ќе стани традиционално сѐ дури Пелистер не стани современ и модерен зимско летен туристички центар:

„Кога минатата година со јакна за скијање се појавив на седница на Совет на Општина Битола на која поднесов иницијатива за развој на Пелистер во огромен зимско – летен туристички центар кој можи и то како да биди носител на економијата во градот, колегите од власта ме искараа дека не ме личело по јакна и дека сум го рушел угледот на советот.

По неколку дена се појавив по костум на врвот Пелистер, спуштајќи се со борд по падините на Баба планина, со една цел, да им докажам на колегите дека облеката не е важна кога имаш една цел и визија.

Оваа година по втор пат се спуштам (со друг костум ама) со истата цел: ПЕЛИСТЕР МОРА ДА БИДИ ВРВЕН ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР!

Спуштањето по костум ќе го правам традиционално секоја година со надеж и желба дека еден ден традицијата ќе продолжи и во новиот скијачки центар на Пелистер.“

Во негово друштво беше и најдобриот светски FIS сноубордер во моментот, словенецот Жан Косир кој е фасциниран од убавините на нашата планина.

еден коментар

  1. […] Тој по втор пат на сноуборд во костум се спушти по падините на Баба планина и посочи дека тоа ќе стане традиционално сѐ додека Пелистер не стане современ и модерен зимско летен туристички центар – објави Бабам Битола. […]

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here