Епа вака другари.
Овој тикет е добитен.
Решив 50% од неговата вредност да ја донирам на социјално загрозено семејство, лекување на дете од тешка болест или некоја друга форма на загрозување.
Би Ве замолил да ме исконтактирате во порака и со тоа да ми помогните да одлучам на кого би ги дал парите.
Ама навистина да знам дека сум помогнал на вистински луѓе.
Во мојот живот сум поминал низ различни социјални периоди, периоди на транзиција и многу прашалници, но секогаш останав цврсто на земја и не се вообразив.
Парите ќе се потрошат, ги има или ги нема. Никогаш доста.
Многу е лесно да влезиш со нога в кафана и да го порачаш Тома и да викниш шо пие кафаната, но да се решиш да донираш, да си хуман то не се стекнува.
Или го имаш во срцето или го немаш.
Сумата далеку од тоа дека е голема, но со ништо на светот не можиш да ја купиш насмевката на лицата на оние кои во моментот гледаат темнина.
Ви ја фрлам ракавицата на сите кои можите да донирате и помагате.Прајте добри дела. Некогаш тоа спасва живот во вистинска смисла на зборот.
Ве очекувам. ❤
Бојан Ѓеровски. Контакт ТУКА.