Македонскиот референдумот за независност се одржа на 8 септември, 1991 година и истиот резултира со прогласување на независност на Република Македонија од тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Прашањето на тогашниот референдум гласело:

1. Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверените држави на Југославија?

ЗА —- ПРОТИВ

Излезноста во Битола до 17 часот беше 70 насто, додека вкупно на територијата на Република Македонија како краен исход беа високи 96% за самостојна и независна Република Македонија.

На фотографиите од Музеј Битола во посета на Битола на плоштадот Гоце Делчев во друштво со битолските граѓани се тогашниот претседател Киро Глигоров, Никола Кљусев, Љубчо Георгиевски и членовите на битолското општинско раководство.

ЧЕСТИТА НЕЗАВИСНОСТ МОЈА МАКЕДОНИЈО!