Кога се прави анализа на градовите, нивните изгледи за развој и можностите кои ги нудат за своите жители, во преден план треба да се земе нивната активност. На пиедесталот според оваа категорија се т.н. градови кои никогаш не спијат, односно 24 часовни градови. Ваквите градови привлекуваат голем број на луѓе, инвестиции и внимание, а со тоа со тек на време нивната големина и популарност може негативно да се одрази врз квалитетот на живот на нивните жители. Поради тоа се почести се примерите на голем број на луѓе кои разгледуваат алтернативни опции кои може да го задоволат нивниот начин на живот, но со многу пониско ниво на трошоци, помали гужви и повеќе можности на попрофитабилни бизниси и инвестиции.
Новата категорија на градови кои се повеќе добиваат на значење се 18 часовните градови.
Овие градови се карактеризираат по тоа што се со средна големина и имаат раст на популација поголем од просечниот. Во голем број на случаи овие градови имаат олеснителни даночни обврски, имаат пониска компресија на стапката на капитализација (вредноста на недвижностите е стабилна и не се забележуваат големи флуктуации), нивото на непродадени недвижнини е ниско, а со тоа и зголемена стапка на изнајмени недвижнини. Исто така за еден град да се карактеризира како 18 часовен град треба да има развиена инфраструктура и адекватно ниво на забавен и културен живот.
Главниот град Скопје е во прва категорија, додека Охрид и Маврово се во втората. Нашиот град Битола е во третата категорија каде се пограничните градови заедно со Гевгелија. Во периодот пред Ковид кризата овие градови беа доста популарни од аспект на тоа што Гевгелија важеше за град каде стапката на невработеност е скоро еднаква со природната стапка на невработеност и во целост беше искористен потенцијалот во казино индустријата и стоматолошката дејност. Од друга страна пак Битола “доби на тежина” со индустриската зона и градежната експанзија.
Повеќе на pari.com.mk