Вистинско освежување и разбивање на монотонијата, како и запознавање на убавините на Македонија кои навистина и не сме знаеле дека толку ги има, е фејсбук групата Патувања низ Македонија, каде во админ-тимот имаме еден битолчанец и осум други од Скопје, Свети Николе, Гевгелија, Штип и Кавадарци.
Добродојдовте во групата “Патувања низ Македонија“.. е најавата за сите добронамерници кои ќе се вклучат во неа.
-Оваа група служи како информативна и туристичка. Идејата на групата е да се објавуваат интересни фотографии и информации за културни и историски знаменитости, објекти, градови, села, природно-географски феномени и места со цел да ги поттикнат луѓето да ги посетат и со тоа да се придонесе кон развој на туризмот во Македонија.
Во оваа група ќе можете да најдете/споделите податоци за местата во Македонија, кои сакате да ги посетите, информации за каде да најдете места со историска важност за Македонија, места за релаксирање, плажа или одмор на планина, патни информации итн. Целта за сето тоа е да се популаризира родниот туризам и развој на местата кои не ги посетуваме и не се сеќаваме толку често, кога си го планираме одморот или викендот. Уживајте во убавините на Македонија и доколку сте во можност додадете ги во групата вашите пријатели!… е нивната порака.
Групата моментално е најголемата за туризам во Македонија со вкупно 152 000 членови, а Битола е еден од градови за кој често се објавува и се промовираат неговите знаменитости.
За групата одблиску нормално ние си го прашавме нашиот битолчанец Христијан Аџиоски:
Моето ангажирање во оваа фејсбук група лично мене ми прави големо задоволство бидејќи имам претходно неколкугодишно искуство како туристички работник и таа пасија од промовирање на македонските знаменитости на терен соодветно на денешните услови се префрли на овој начин да работиме на промоција на Македонија како привлечна туристичка дестинација.
Групата е направена пред неколку години, но почна да биде активна некаде во периодот кога бевме нападнати од светската пандемија и како и туризмот како и се’ останато почна да замира. Во април имаше околу 3 000 членови, а денес сме веќе 152 000, од кои околу 10 000 од Битола!
Запознајте ја скриената убавина на секое гратче и секое место на територијата на нашата убава земја од фотографиите и раскажувањата на сите учесници кои со задоволство ги објавуваат. Почитувајте го ова мало парче земја татковина кое ни остана од дедо прадедо и заедно со вас да успееме повеќе да си ја промовираме насекаде низ светот. За нас и нашата мајка МАКЕДОНИЈА.
За поголема галерија од нивната фејсбук група посветена за нашиот град повелете на следните линкови
Нов битолски мурал 2020 на Хибрид Мајндс
Честитка за ослободувањето на Битола
За ослободувањето на Битола 1944г.
Магичниот изглед на Шумски Фенери