На иницијатива на Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска од Поинаку, започнува да функционира канцеларија на советниците.

Да ги отвориме институциите за граѓаните беше едно нашите ветувања и заложби кое започнува да се реализира, затоа што навистина веруваме дека институциите треба да работат во служба на граѓаните.

Почнувајќи од месец јануари за прв пат во Општина Битола започнува со работа канцеларија за средби на граѓаните со советниците. Секоја советничка група ќе има отворен ден во неделата за средби со граѓаните, советниците ќе бидат достапни да ги слушнат проблемите, идеите и потребите на граѓаните, кои исто така ќе можат да добијат и информации за работата на Советот на Општина Битола.

Канцеларијата е дел од просториите на салата на Советот на Општина Битола и истата ќе започне со работа веднаш после Новогодишните и Божиќните празници. Канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден, а распоредот по советнички групи кои имаат претставници во Советот на Општина Битола е следен:

Понеделник- Вмро Дпмне

Вторник- Сдсм

Среда- Поинаку

Четврток-Левица

Петок- Лдп и Дом/ Дуи