Во првиот квартал од оваа година бизнис-битката ја изгубиле 3.920 компании и ставиле клуч на врата, покажуваат податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк. Ова се поразителни податоци ако се земе предвид дека минатата година, вкупната бројка на компании кои ставиле клуч на врата е 6.995 фирми. Значи, сега во 3 месеци се згаснати компании колку што се згаснале за 7 месеци минатата година, покажува анализата на порталот „Пари”.

Податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк откриваат и во кои дејности имало најмногу затворање на фирми. Според податоците, секоја трета затворена сметка е од фирма од областа од трговијата – тренд кој се задржа и од претходната година.

Така да после Скопје со 1550 и Тетово 226, Битола е трета по ред во која минатата година се затвориле 199 фирми, додека 161 фирми згаснати фирми се од од Куманово. На крајот од првата петорка на градови во кои лани фирмите ја загубиле бизнис-битката е Гостивар со 157 затворени фирми.

Повеќе од анализата на ПАРИ тука