Вечерашните коефициенти се:
Скопје – 1.15
Битола – 1.3
Тетово – 1.4
Виница – 9
А можна е играта комбинација 1 во 2. На почетокот на вечерта Битола да е најзагаден, а потоа Скопје да го претекне. Уживајте во играта со вашите гас маски.
Обложувалниците низ Македонија одлучија да фатат чекор со времето па во својата понуда освен стандардните фудбал, кошарка, ракомет и уметничко лизгање сега ја вброија и загаденоста како можност на која нивните клиенти ќе можат да типуваат.
„Долго време размислувавме за проширување на понудата со што би биле поатрактивни за нашите клиенти и решивме да го воведеме загадувањето како можност за типување“ вели еден сопственик на илегална обложувалница во Кратово.
Ова е пријатно изненадување и за клиентите кои велат дека веќе им се јасни фиксовите Скопје, Битола и Тетово, но некои се надеваат и на изненадување како што се Виница, Дебар, Кичево и слично. Хит е и играта 1 во 2 така на пример во 20 часот најзагадена да е Битола, но до 12 Скопје да ја претекне со што се зголемува коефициентот.
Набрзо после ова се појави и таканаречена загадувачка обложувачка мафија која уплаќа тикети и потоа намерно со стари гуми и пластика го загадува воздухот како би прибавиле незаконска материјална добивка.
Извор Фчерашни. Повеќе ТУКА