Пред нејзината смрт битолчанката Сибела Алимовска ја посети поранешната жена на Енвер Хоџа, Неџмије Хоџа која истотака е родена во 1921-ва година во Битола. Нејзините родители биле дебарчани по татко од семејството Џуглини кои во 1928 година се преселени во Тирана .
За време на војната Неџмие била учителка и една од основачите на комунистичката младина на Албанија. Била и член на Централниот комитет на албанската Комунистичка партија, претседателка на Антифашистичкиот фронт на жени на Албанија и шефица на Директоратот за пропаганда.
За тогашниот албански лидер се омажила после војната во 1945-та година и со него имале три деца.
Неџмије иако на 99 годишна возраст сеуште ги имаше убавите спомени од Битола, сеќавања од најубавите куќи кои во тоа време биле покрај река Драгор. Живеела на ул. 7ма Бригада во близина на Црн Мост, за кој памети дека од тоа место во тоа време за Водици се фрлал светиот крст во река Драгор.
Нејзиниот татко работел во Црвен Крст во Битола кога се родила никој не поминал да ја завери Неџмије, па татко му датата ја запишал на вратата од дневната соба. За жал битолскиот архив и матичните книги немаат никаков податок за нејзиното раѓање и не доби извод кој многу го посакуваше.
Одлично го паметела времето на Југославија во кое живеа битолчани, долгите зими и големите снегови. Раскажуваше за нејзиниот двор полн со цвеќиња во кои во летниот период ги пречекувале гостите надвор. Исто го спомна и пазарот кога со татко му шетале и му купувал јаболко прелиено со шеќер и памук во боја. И за болеста што ја фатила во Битола “треска” кога за конец куртулила.
Ги паметеше битолските мразулци кои биле во нејзина височина. Битолчани во тоа време ги опиша дека биле многу паметни луѓе кои богато и модерно живееле во Градот на Конзулите .
На 7 годишна возраст се преселиле во Дебар, оттаму во Тирана, Албанија. Освен алиштата што ги зеле кога се преселувале тие зеле и две книги кои датирале од битолскиот конгрес на Наим Фрашери: “Летните Цвеќиња” и “Кербелана” кои до последно и биле омилени бидејќи се исполнати со социјална тематика зошто од војната била многу уморна.
Единствениот празник што во Албанија се славел „со благослов“ од Енвер Хоџа во комунизмот била Новата година. Тој со нетрпение го очекувал овој празник и не се воздржувал ни да се маскира во Дедо Мраз.
На следните фотографии, кои никогаш претходно не се објавени, може да се види празничната атмосфера во фамилијата на Хоџа. На фотографиите може да се видат неговата сопруга Неџмије, двајцата синови – Илир и Сокол со нивните сопруги Теута и Лилјана – ќерката Пранвера со сопругот Клемент Кољанеци и нивните мали деца.
После смртта на Енвер Хоџа и губењето на власт и привилегии во јануари 1992-ра година беше осудена на девет години затвор поради злоупотреба на партиски фондови. Подоцна казната била променета и добила единаесет години затвор. Зад решетки поминала вкупно пет години, од кои две години во самица.
До крајот на нејзиниот живот
никој ја немал посетено од Битола. За Сибела знаела од весниците и била воодушевена од нејзината почит и внимание. Гостопримството и нејзиниот пречек бил со сок од вишни во чаши кои ги користела со мажот му кога им доаѓале големи луѓе.
Неџмије Хоџа вдовицата на некогашниот албански диктатор Енвер Хоџа, почина во Тирана на 27 февруари 2020 г. со 99 години старост.
Голема благодарност до Сибела Алимовска