Битола ја боиме во портокалово: Марш на 30 мај и настани по повод Светскиот ден на лицата со мултипна склероза

од May 18, 2021 0 коментари
30 мај е Светскиот ден на лицата со мултипна склероза а културниот центар ,,Везилка“ организира настан кој ќе се случува за прв пат во Битола со агенда од четири дена започнувајќи од 27 – 30 мај .

На 27 мај ќе присуствува психолог Ирена Ристановска Николовска која ќе зборува за психичките состојби со кој се соочуваат лицата со МС . За депресијата , анксиозноста , предрасудите . Како да се победат и како треба да се однесува со нив нивната поддршка.

На 28 мај ќе присуствува нутриционист кој ќе го презентира распоредот на исхрана , што треба да внесуваат а што да исфрлат од својот организам за природен и поздрав начин на живот.
На 29 мај ќе има отварање на изложба ,,Желба“ од Анета Бошевска која истовремено е лице со МС и неверојатен уметник . Нејзините дела ќе се продаваат на самата изложба чии средства ќе и помогнат во понатамошното лекување и обезбедување материјали за работа .

30 мај – ја боиме Битола во портокалово . Марш кој ќе започне од 11 часот од пред спортската сала до ,, Везилка“ . Поканети се сите да се придружат на маршот кој сакаат да им дадат поддршка на лицата болни од МС .
Оратор : Сања Поповска која ќе ја води програмата сите четири дена .

Лице со МС и автор на романот ,,Девојката со портокалова марама“ кој ќе биде достапен во продажба со промотивна цена од 300 денари .

Линк од настанот ТУКА

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *